
Assassin's Creed и медиумската писменост
За играта Assassin’s Creed
Assassin’s Creed е една од најпознатите видео игри во жанрот на акција и авантура, создадена од компанијата Ubisoft. Играта е позната по својата комбинација на историски настани, фикција и интерактивно раскажувањеприказни. Приказната се фокусира на вековната борба меѓу две тајни организации — Асасините, кои се залагаатза слобода и индивидуална волја, и Темпларите, кои се стремат кон контрола и ред преку моќ.
Играчот ја презема улогата на лик кој преку напредна технологија наречена Animus може да ги доживее сеќавањата на своите предци, живеејќи во различни историски периоди како што се времето на Крстоносните војни, Италијанската ренесанса или Американската револуција. Играта се игра офлајн, иако некои понови изданија нудат онлајн елементи и соработка меѓу играчите.
Assassin’s Creed е структуирана во нивоа и мисии, каде што играчот треба да истражува градови, да се движи незабележано, да решава задачи и да открива историски и морални дилеми. Голем дел од локациите и ликовите се инспирирани од реални историски личности и настани, што ја прави играта своевиден интерактивен историски роман.
Иако не е директно базирана на конкретна новела, Assassin’s Creed црпи инспирација од историски романи и легенди за тајни братства, како и од научнофантастични приказни што ја истражуваат идејата за наследни сеќавања и контрола на минатото. Таа на еден начин претставува спој на литература, филм и интерактивна уметност, нудејќи на играчите можност да ја „прочитаат“ историјата преку активно учество.
Еволуција на Assassin's Creed игрите




