top of page

Вовед

Претставување на „South Park“

„South Park“ е американска анимирана серија создадена од Треј Паркер и Мет Стоун, која се емитува од 1997 година. Серијата ја следи секојдневната авантура на четворица деца – Стен, Кајл, Картман и Кени – кои живеат во малото планинско градче Саут Парк.
Иако на прв поглед изгледа како едноставна комедија, „South Park“ користи екстремен хумор, иронија и провокација за да коментира актуелни општествени, политички и културни теми. Епизодите често ги прикажуваат контроверзните страни на општеството, ги исмејуваат медиумите, политичарите и јавните личности, и ги поттикнуваат гледачите да размислуваат критички за она што го гледаат во медиумите.
Поради тоа, серијата може да се користи како пример за разбирање на сатирата и пародијата како форми на медиумска критика.

„South Park“ како алатка за развој на медиумска писменост

„South Park“ претставува моќен медиумски текст за анализа, бидејќи ги комбинира хуморот, сатирата и социјалната критика за да ги открие апсурдите на современото општество. Преку своите често шокантни, но длабоко симболични епизоди, серијата ги охрабрува гледачите да ја преиспитаат вистинитоста на медиумските пораки и границите меѓу хуморот и навредата.
Учениците можат да научат како медиумите ја користат провокацијата за да привлечат внимание и да поттикнат дебата, но и како гледачите треба одговорно да ги анализираат пораките зад хуморот.
„South Park“ поттикнува развој на критичко мислење, медиумска свест и разбирање на тоа како сатирата може да биде форма на општествена критика, а не само средство за забава.

Забелешка за образовна употреба

Презентираниот материјал не се фокусира на самата серија „South Park“, туку користи избрани елементи и теми од истата чисто како примери за промовирање на аргументирање, медиумска етика, критичка дискусија и рефлексија за тоа како сатиричните серии ги претставуваат настаните, културата и идеологијата. Поради неговата експлицитна содржина, користењето на South Park бара внимателен избор на клипови и средина во училница соодветна за зрела критичка дискусија. Се препорачува за ученици од повисоките класови од средно образование 

konedu_logo.png

Илустрациите се скриншотови од  серијата или ембедирани видеа од YouTube и ставени се како примери

Автор: Олга Самарџиќ Јанкова

bottom of page