top of page

Разбирање на интерактивните текстови

Интерактивните текстови се модерна форма на комуникација што комбинира пишани информации со мултимедијални елементи како што се видеа, анимации, хиперлинкови и квизови. За разлика од традиционалните текстови, кои следат линеарна структура, интерактивните текстови се дизајнирани да ги ангажираат читателите преку поттикнување на истражување, донесување одлуки и активно учество. Овие текстови се повеќе се користат во образованието, новинарството и дигиталните медиуми, нудејќи разновиден и ефикасен начин за презентирање на сложени информации во достапен формат.

Интерактивните текстови играат клучна улога во развојот на дигиталната и медиумската писменост и критичкото размислување. Тие бараат од читателите да се движат помеѓу повеќе извори на информации, да ја оценуваат веродостојноста на содржината и да воспоставуваат врски помеѓу текстот и мултимедијалните компоненти. Ова активно ангажирање не само што го подобрува разбирањето, туку и ги поттикнува вештините неопходни за успех во светот управуван од технологијата.

Пример: 

“@OurPlanet постирале: ‘Придружи се на #CleanEnergy иницијативата ! Со преминување на обновливи извори на енергија, може да го намалиме јаглеродниот отпечаток и создадеме поодржлива иднина🌍 #ActNow #ClimateChange’"

 

Вештини:

-    Разбирање на дигиталната писменост: За што се работи во постот? Која е целната публика? 
-    Процена на намената и целта: Што сака да постигне овој пост? Дали е уверлив? Зошто  @OurPlanet сака вие да користите обновливи извори на енергија?
-    Ангажирање со содржината: Како можете да учествувате во оваа движење? Што е целта на хаштаговите како што е #ActNow и #ClimateChange?

 

Активност:
-    Одговорете на постот со ваш коментар во врска со важноста на обновливата енергија. Какви аргументи би користеле да уверите некого да се префрли на чиста енергија?  

sphere-with-cars-trees_1048-2606.jpg

Зошто читањето интерактивни текстови е важно?

Интерактивните текстови станаа примарен извор на информации во денешниот дигитален свет. Без разлика дали прелистувате низ социјалните медиуми, или читате онлајн статија или пак, гледате видео туторијал, важно е да можете ефикасно да ги разберете, процените и да се ангажирате во ваквите текстови. 

Што се интерактивни текстови?

Интерактивните текстови се широка категорија дигитални содржини што го поттикнуваат корисникот да се ангажира. Тие вообичаено се среќаваат на веб страници, социјални медиуми, блогови и апликации. За разлика од статичките текстови како што се книгите или статиите, интерактивните текстови често бараат од читателот да се ангажира во материјалот преку прелистување или преку одговор на прашања или насоки. 

Вообичаените типови интерактивни текстови вклучуваат:

-    Постови на социјалните медиуми: Твитови, инстаграм пораки, Facebook пораки, итн.
-    Веб страници: Онлајн написи, блогови или коментари за производ со вградени линкови и мултимедијални материјали.
-    Интерактивни инфографици: Визуелна содржина што се менува кога ќе кликнете или со курсорот ќе поминете над одредени елементи.
-    Коментари и реплики: Содржина генерирана од корисници на платформи како што се YouTube, Reddit и форуми.
-    Квизови и анкети: Онлајн формулари каде што се внесуваат одговори и се добиваат повратни информации во реално време.


Клучни карактеристики на интерактивните текстови

1. Хиперлинкови и мултимедијални содржини:  
   Многу интерактивни текстови содржат хиперлинкови што ги насочуваат корисниците на дополнителна содржина, како и мултимедијални елементи како што се слики, видеа и аудио содржини како дополнување на текстот.

   Пример: Блог пост за климатските промени би можел да вклучува видео со објаснување за глобалното затоплување и линк до истражувачка студија.

2. Кратка, концизна содржина:  
   На платформите како социјалните медиуми, содржините често се кратки и концизни, создадени за брзо да го привлечат вниманието.

-    Пример: Твит може да биде на пример: „Нова студија открива дека 90% од пластиката во океаните доаѓа од само 10 реки. Дознајте повеќе тука: [линк]."

3. Карактеристики за ангажман:  
   Интерактивните текстови често содржат опции за лајк (ми се допаѓа), споделување, коментирање или одговор, за да се поттикнат читателите да се вклучат во содржината или да споделат што мислат за неа.

-    Пример: Инстаграм пост во врска со книга може да го постави прашањето „Дали сте ја прочитале оваа книга? Споделете го вашето мислење во коментарите!“

4. Ажурирање во реално време:  
   Многу интерактивни текстови, посебно на социјалните медиуми се ажурираат во реално време, така што се гледа тековната дискусија или новите информации.

-    Пример: Твитови во живо или постојано ажурирање на нови постови на Facebook.

5. Содржина генерирана од корисниците:  
   Интерактивните текстови често содржат содржина што ја генерираат други корисници, како што се коментари, анализи или постови на форуми. Ова на текстот му дава и колаборативен елемент.

-    Пример: На страница за коментари за производи, потрошувачите ставаат оценки и коментари, кои може да ги прочитате пред да одлучите да купите производ.

Пример за интерактивен текст и анализа

„Дали знаевте дека исклучување на светлата кога излегувате од просторијата ќе ви заштеди 10% на сметката за електрична енергија? Мали работи кои прават огромна разлика! 🌍 #Еколошко #одржливоживеење [Прочитајте повеќе: линк]"

Управување со мултимедијални материјали и хиперлинкови:  
Постот содржи хиперлинк до подолга статија за заштеда на енергија, која дава повеќе информации на темата.

Пребарување за информации:  
Главната поента на постот е дека исклучувањето на светлата може да ви заштеди 10% од сметката за електрична енергија.

Разбирање на визуелни прикази:  
Користењето на симболот 🌍 за планетата и хаштагови како #еколошки упатуваат на тоа дека постот е дел од поширока дискусија во врска со одржливоста.

Процена на веродостојноста на информациите:  
Можете да го испитате изворот на тврдењето – дали статијата до која има линк доаѓа од веродостојна организација која се залага за заштеди во енергијата или од некој несигурен извор?

Ангажирање со содржината генерирана од корисници:  
Ако под постот има коментари, можете да проверите дали други корисници ја потврдуваат или ја оспоруваат информацијата, додавајќи уште еден слој на разбирањето.

image.png

Илустрациите во материјалот се од https://www.freepik.com/ или направени со ВИ

Автор: Олга Самарџиќ Јанкова

bottom of page