Интерактивен текст
Вежба 1
Упатство: Внимателно прочитајте го текстот пред да одговорите на прашањата.
Текст: Пост на социјални медиуми - „Спасете ги океаните“!
Корисник 1 (пост):
Дали знаевте дека до 2050 би можело да има повеќе пластика во океаните од риби? Треба да реагираме сега! Намалување на пластичниот отпад започнува со мали промени, на пример, да не се користи пластика за еднократна употреба и да се користат алтернативи за повеќекратна употреба. Придружете ми се заедно да ја направиме промената денес! #дагиспасимеокеаните #безпластика
Корисник 1 (Коментар):
Целосно се согласувам! Почнав да си носам платнена торба кога одам во продавница и навистина е одлично што можам барем малку да придонесам. Дали имате други предлози како можеме да ја намалиме употребата на пластика?
Корисник 3 (Коментар):
Малку се сомневам, зарем не е тешко целосно да се избегне користењето пластика? Толку многу производи секојдневно користиме кои се спакувани во пластична амбалажа. Не гледам како она што го правам може да промени нешто кога големите корпорации се одговорни за најголем дел од загадувањето.
Корисник 4 (Коментар):
Во право сте за корпорациите и нивната огромна улога, но важно е и однесувањето на поединците! Ако сите реагираме, тоа може да доведе до поголеми промени. Плус, можеме да ги притиснеме компаниите да усвојат поеколошки практики преку поддршка на дејностите што приоретизираат одржливост. #екоборци #маличекори
Прашања со избор од повеќе одговори
1. Која е главната порака од оригиналниот пост на Корисникот 1?
А) Треба да престанеме да јадеме риба за да ги спасиме океаните.
Б) Нема решение за пластичниот отпад во океаните.
В) Мали промени, како што е намалување на употребата на пластика, може да помогнат во борбата со загадувањето на океаните.
Г) Владите треба повеќе да се ангажираат за чистење на океаните.
Одговорот е: В) Мали промени, како што е намалување на употребата на пластика, може да помогнат во борбата со загадувањето на океаните.
2. Каква акција предлага Корисникот 1 за намалување на пластичниот отпад?
А) да се престане да се купуваат пластични производи.
Б) да се купува со платнени торби.
В) целосно да се забрани употреба на пластика.
Г) да се бара од компаниите да престанат да користат пластика.
Одговорот е: Б) да се купува со платнени торби.
3. Каков проблем гледа Корисникот 3 во врска со намалувањето на пластичниот отпад?
А) прескапо е да се избегне пластиката.
Б) големите корпорации се главните загадувачи, не луѓето.
В) океаните веќе се премногу загадени за да бидат спасени.
Г) рециклирањето не е ефикасно решение.
Одговорот е: Б) големите корпорации се главните загадувачи, не луѓето.
4. Како Корисникот 4 му одговори на Корисникот 3 во однос на изнесеното за корпоративната одговорност?
А) се согласи дека луѓето не се моќни да направат нешто.
Б) нагласи дека секој поединец може да направи нешто за поголеми промени.
В) упати на тоа дека пластиката не е најголемиот проблем.
Г) наведе дека само владите може да го решат проблемот.
Одговорот е: Б) нагласи дека секој поединец може да направи нешто за поголеми промени.
Прашања со кратки одговори
1. Зошто Корисникот 1 верува дека мали акции, како што е да одбиете користење пластика за една употреба, може да направи разлика?
Одговорот е:
Корисникот 1 верува дека мали постапки може колективно да го намалат пластичниот отпад и да придонесат за пошироки напори за борба против загадувањето на океаните. Со охрабрување на луѓето да одбијат пластика за еднократна употреба, секој човек може да ја намали побарувачката за пластични производи, а тоа може да води кон долгорочни придобивки за животната средина.
2. Која е целта на хаштаговите како #дагиспасимеокеаните и #безпластика во постот на Корисникот 1?
Одговорот е:
Хаштаговите како #дагиспасимеокеаните и #безпластика служат да се прошири свесноста и да се поврзе постот со пошироко движење или дискусија на социјалните медиуми. Тие прават постот да може да се најде побрзо и да ги поттикне другите да се вклучат во каузата, да споделуваат слични идеи и да учествуваат во колективната акција.
Отворени прашања
1. Во коментарите, Корисникот 3 изразува загриженост за тоа дека индивидуалните акции нема да придонесат значајно бидејќи големите корпорации се главните загадувачи. Како би одговориле на оваа тема, имајќи ги предвид перцепциите од Корисник 1 и Корисник 4? Поткрепете го примерот со примери од текстот.
Одговорот е:
Јас би одговорил/а на Корисникот 3 со тоа што ќе потврдам дека корпорациите навистина се одговорни за значаен дел од загадувањето со пластика, но и покрај тоа, важно е што правиме ние сите како поединци. Како што вели Корисникот 4, ако доволно луѓе прават мали промени, како на пример да одбијат користење пластика за еднократна употреба, тоа може да доведе до поголема културна промена што ќе ги притисне компаниите да усвојат поодржливи практики. На пример, ако потрошувачите конзистентно ги поддржуваат бизнисите што користат еколошка амбалажа, корпорациите ќе бидат поттикнати да направат промена. Дополнително, Корисникот 1 нагласува дека со мали промени може да се предизвика домино ефект, да се придонесе кон повеќе еколошки придобивки со текот на времето.
2. Корисник 1 предлага намалување на употребата на пластика со префрлање на алтернативи за повеќекратна употреба. Врз основа на постовите и коментарите на социјалните медиуми, разговарајте за потенцијалните предизвици со кои би можеле да се соочат поединците кога се обидуваат да ја намалат употребата на пластика и како да ги надминат.
Одговорот е:
Еден потенцијален предизвик со кој може да се сретнат луѓето е проблемот целосно да се избегне пластиката, како што беше спомнато од Корисник 3. Многу производи денес се во пластична амбалажа, а алтернативите за нив често не се толку достапни или се поскапи. Меѓутоа, како што вели Корисникот 2, со мали чекори, како што е користење платнени торбички за купување, може да се направи промена без драстично да се менува начинот на живот. Друг предизвик е перцепцијата дека постапките на луѓето се неважни во споредба со огромното загадување што го предизвикуваат корпорациите. Корисникот 4 го коментира ова прашање нагласувајќи ја моќта на колективната акција, која може да направи социјален притисок врз корпорациите за да се променат. Луѓето индивидуално може, исто така, да лобираат за промени во политики и да поддржуваат еколошки бизниси за ширење на своето влијание.
Вежба 2
Упатства: Внимателно прочитајте го текстот пред да одговорите на прашањата.
.текст: Пост на социјален медиум за кампања за подигнување на свеста за климатските промени
Наслов на постот: „Преземете нешто денес! Кризата со климата не може да чека!“
Содржина:
"🌍 Придружете се во борбата против климатските промени! Секоја мала акција е важна и ни требаат сите да се придружат. Тука се дадени 5 едноставни работи што ВИЕ може да ги направите за да помогнете:
1. Намалете ја вашата потрошувачка на енергија со тоа што ќе ги исклучите светлата и ќе ги исклучите уредите кога не се користат.
2. Намалете ја употребата на пластика за еднократна употреба со тоа што ќе почнете да користите торби, шишиња и садови за повеќекратна употреба.
3. Поддржете ја обновливата енергија со избор на снабдувач на чиста енергија кога тоа е возможно.
4. Засадувајте дрва или поддржете ги проектите за пошумување за да помогнете за апсорпција на CO2 од атмосферата.
5. Информирајте се и ширете информации и содржини во врска со климатските промени со вашите пријатели и семејство.
Ајде заедно да направиме промена! 🌱 #Акцијазаклимата #спасетејапланетата #зеленоживеење"
Дел со коментари:
Корисник 1: „Јас веќе правам дел од овие работи, но, добро е што ме потсетивте да правам уште повеќе! Ви благодарам!“
Корисник 2: „А што со големите корпорации? Дали тие се вистинските виновници за најголем дел од штетите? Каква е поентата луѓе како мене да прават мали промени?“
Корисник 3: „Ова е корисно, но каде можам повеќе да се информирам за снабдувачите на чиста енергија во местото каде што живеам?“
Прашања со избор од повеќе одговори
1. Која е главната цел на постот на социјалниот медиум?
а) Да ги рекламира компаниите за обновлива енергија.
б) да продава производи за повеќекратна употреба.
в) да ги охрабри луѓето да преземат акција против климатските промени.
г) Да ги критикува големите корпорации.
Одговорот е: в) да ги охрабри луѓето да преземат акција против климатските промени.
2. Кога акција што се предлага во постот директно помага за намалување на CO2 во атмосферата?
а) користење торби за повеќекратна употреба.
б) исклучување на светлата
в) поддршка за проекти за пошумување.
г) споделување содржини поврзани со климата.
Одговорот е: в) поддршка за проекти за пошумување.
3. Во делот со коментари, Корисник 2 ја преиспитува ефективноста на индивидуалните акции. За што е пример следното?
а) нудење нови идеи.
б) барање појаснувања.
в) изразување сомнеж и скептицизам.
г) покажување согласност.
Одговорот е: в) изразување сомнеж и скептицизам.
4. Кој хаштаг во постот нагласува учество во глобалните напори за адресирање на прашањата во врска со климата?
a) #зеленоживеење
б) #спасетејапланетата
в) #акцијазаклимата
г) #употребипакирециклирај
Одговорот е: в) #акцијазаклимата
Прашања со кратки одговори
1. Дадете една причина зошто авторот користи хаштагови во постот на социјалниот медиум, како што се #акцијазаклимата и #зеленоживеење?
Одговорот е:
Авторот користи хаштагови како #акцијазаклимата и #зеленоживеење за да го направи постот повидлив и да го поврзе со поширок опсег онлајн разговори во врска со климатските промени. Хаштаговите помагаат да се зголеми видливоста, овозможувајќи повеќе луѓе да го пронајдат постот и да учествуваат во дискусиите или да преземат акција.
2. Како наведување список активности прави постот да биде поефективен во пренесување на пораката?
Одговорот е:
Листата со акции дава јасни, практични чекори што може да ги преземе секој човек, со што публиката полесно ќе разбере како може да придонесе во борбата против климатските промени. Ги поедноставува информациите и ги поттикнува читателите да се вклучат нудејќи список различни начини на кои може да се вклучат.
Отворени прашања
1. Дадете свое мислење за коментарот на Корисникот2 за улогата на големите корпорации наспроти акциите на поединците за справување со климатските промени. Зошто некој би можел да мисли дека индивидуалните акции се помалку важни и како вие би одговориле на нивниот став користејќи ги доказите од постот?
Одговорот е:
Некој би можел да мисли дека индивидуалните акции се помалку важни бидејќи големите корпорации се одговорни за значаен дел од глобалните емисии, така што системските промени би имале поголемо влијание. Меѓутоа, постот нагласува дека колективните акции на луѓето сепак играат важна улога. Секој човек може да придонесе за намалување на потрошувачката на енергија и загадувањето, а со тоа, да ги инспирира другите и да се создаде движење за поголеми општествени промени. Дополнително, малите акции, како што е поддршка за обновливата енергија и проектите за пошумување може да влијаат врз поширока промена, посебно кога учествуваат многу луѓе. Потребни се и корпоративната одговорност и индивидуалните напори за ефективно справување со климатските промени.
2. Во коментарите, Корисникот 3 бара повеќе информации за снабдувачите со чиста енергија. Ако вие бевте авторот на постот, како би одговориле на овој корисник? Размислете како вашиот одговор да биде информативен, да охрабрува и да е во согласност со целите на постот.
Одговорот е:
Како автор, Јас би одговорил/а на Корисникот 3 со давање корисни ресурси, а истовремено би го одржал/а позитивниот и охрабрувачки тон. На пример, би можел/а да кажам: „Одлично прашање! Може да почнете со тоа што ќе проверите на веб страниците на локалните комунални претпријатија или со помош на алатки како што е „EnergySage“ за да најдете снабдувачи со чиста енергија во местото каде што живеете. Некои места, исто така, нудат програми за зелена енергија, преку избор на општински агрегатори. Продолжете со одличната работа чекорејќи кон позелена иднина! 🌱 #зеленоживеење #обновливаенергија." Овој одговор нуди практични совети и истовремено го мотивира корисникот да продолжи со напорите во борбата против климатските промени.