Интерактивен текст
Какви вештини се потребни?
За ефективно управување и разбирање на интерактивните текстови ви требаат конкретни вештини што се дадени во рамката на PISA за читање со разбирање. Овие вештини ќе ви помогнат да добиете информации, да ги толкувате мултимедијалните содржини и критички да ја процените дигиталната содржина.
1. Управување со хиперлинкови и мултимедијални содржини
Интерактивните текстови често содржат линкови, видеа и слики. Вие треба да определите кои линкови се релевантни и да разберете како мултимедијалните елементи придонесуваат за целокупното значење на текстот.
-
Зошто има видео во овој блог пост за одржливи практики во земјоделството?
-
Видеото покажува техники што се дискутираат во постот, со што се олеснува визуелизацијата на процесот.
2. Прелистување и пребарување информации
За интерактивните текстови, посебно постовите на социјалните медиуми и дигитални содржини често е потребно да се прелистува (брзо да се прочита главната идеја) и да се пребарува низ информациите (за да се најдат конкретни детали).
-
Која е главната порака од овој пост на Facebook во врска со новиот закон за заштита на животната средина?
-
Постот објаснува дека законот ќе ги намали емисиите на јаглерод за 30% во наредните десет години.
3. Разбирање на влијанието на визуелните елементи
Сликите, графиконите и видеата често се користат за да се акцентира разбирањето во дигиталните содржини. Вие треба да ги протолкувате овие визуелизации и за разберете како се поврзани со пишаниот текст.
-
Како инфографикот во оваа статија го поддржува тврдењето во врска со зголемувањето на температурите?
-
Инфографикот покажува јасна нагорна тенденција во глобалните температури во последните 50 години, со што се јакне поентата на статијата во врска со климатските промени.
4. Процена на веродостојноста на информациите
Интернетот е полн со информации, но не сите се вистинити. Клучно е да се процени веродостојноста на изворот кога се читаат интерактивни текстови.
-
Дали блог постот во врска со здравствените придобивки на суплемент е веродостоен?
-
Постот не цитира ниту еден веродостоен извор или студија и изгледа дека го напишал некој кој го продава конкретниот суплемент, така што спорна е веродостојноста на напишаното.
5. Толкување на содржина генерирана од корисник
Коментари, наализи и реплики на дигиталните платформи додаваат уште еден слој на корисничката интеракција. Вие треба да процените дали оваа содржина е корисна или субјективна.
-
Како треба да ја протолкувате негативната оценка за производ?
-
Разгледајте дали тој што ја дал оценката дава конкретни податоци во врска со неговото искуство и дали и други имаат слични искуства што би упатило на поголем проблем.
6. Критичко ангажирање со текстот
Постовите на социјалните медиуми и дигиталните содржини често претставуваат ставови. Важно е критички да се осврнете на овие мислења, да поставите прашања во однос на субјективноста, веродостојноста и доказите.
-
Дали се согласувате со ставот изнесен во овој твит во врска со учењето на далечина?
-
Иако твитот изнесува валиден став за флексибилноста, не ги зема предвид предизвиците во однос на пристапот до технологија за учениците од руралните области.